Деновиве политички аналитичари блиски до власта како и некои амбасадори во обид да ја принудат ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени велат дека нема да добиеме подобри услови за преговори од тие што се во моментов кога целиот Француски предлог е во преговарачката рамка со бугарските барања во него, пишува скопска Република
Не помогна и убедувањата на министерот Бујар Османи на табла каде тврдеше дека Бугарија веќе не може да не блокира.
Сепак дека е можно преговарачката рамка да се смени ЕУ покажа за време на преговорите меѓу Курти и Вучиќ во Охрид пред неколку месеци. Она што го договорија се додаде во преговарачката рамка за Србија. Значи сепак рамката се смени.
Овие неколку точки што ги договоривме ќе станат дел од преговарачката рамка за двете страни. Европскиот совет ќе донесе одлука тоа да биде дел од преговарачката рамка“, рече по разговорите Вучиќ.
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека преговарачката рамка не може да се смени е дека тие ќе се борат за зачувување на македонскиот идентитет и оти тоа е легитимно барање.
-Се бориме и се залагаме за фер шанса и за заштита на македонскиот идентитет и посебност и тоа се легитимни барања, легитимна борба и ќе продолжиме да се бориме-велат од партијата.
Што содржи Преговарачката рамка
Преговарачката рамка на Македонија со Европската Унија, која ја подготви француското претседателство, содржи обврска за имплементацијата на билатералниот протокол за спроведување на договорот со Бугарија.Се наведува дека Македонија ќе усвои преку инклузивен процес, акциски план посветен на заштитата на правата на лицата припадници на малцинствата или заедницитеФранцуското претседателство посочува дека посветеноста за добрососедски односи и регионална соработка, треба да се потврди и преку постигнувањето на видливи резултати во имплементацијата на билатералните договори со Грција и Бугарија.Во предлог-преговарачката рамка именувањето на јазикот на кој ќе се преведува заедничкото европско право е со чиста одредница „македонски“, без дообјаснувања или фусноти.