Официјално таа е војвотката од Сасекс, неофицијално Меган Маркл, но вработените во Кенсингтонската палата за неа имаат прекар, кој досега беше криен од јавноста.
Како што пишуваат британските медиуми, вработените во палатата и смислиле прекар, кој совршено го опишува однесувањето на Меган.
Според нив, сопругата на принцот Хари е многу слична со неговата покојна мајка, принцезата Дијана, па затоа ја нарекуваат Ди 2.
Начинот на кој Меган ги третира и колку е едноставна и опуштена ги потсетува на деновите кога во палатата живееше принцезата Дијана, која била неверојатно слична.
„Го слушнав како меѓу нив ја викаат Ди 2, бидејќи нејзиното однесување е многу слично со на Дијана. Мислам дека тоа е вистина и дека тие се слични”, изјави изворот близок до палатата.
Кралскиот фотограф Март Стјуарт, исто така, гледа сличности.
„Меган е многу сигурна пред камерите, а тоа го видовме и кај принцезата Дијана. Камерата ги сака и тие ја сакаат. Тука е и љубовта кон модата и посебен моден вкус. Дијана го сакаше Версаче, а Меган Живанши. Наклонети се кон класиката, елеганција и безбедни бои “, вели тој.