Данската енергетска компанија Ørsted потврди дека рускиот државен енергетски гигант Газпром ќе го запре снабдувањето со гас почнувајќи од 1 јуни, откако Орстед одбил да плати за гас во рубљи.

„Во Орстед, стоиме цврсто на нашето одбивање да платиме во рубљи и се подготвувавме за ова сценарио, така што сè уште очекуваме да можеме да ги снабдуваме со гас нашите клиенти“, рече Мадс Нипер, претседател на групата и извршен директор на данската фирма.

Орстед вчера предупреди дека може да биде прекинат гасот, додавајќи дека подготовките за минимизирање на ризикот за пошироките резерви вклучуваат полнење на капацитетите за складирање гас во Германија и Данска.

„Бидејќи нема гасовод што оди директно од Русија до Данска, Русија нема да може директно да го прекине снабдувањето со гас за Данска, а со тоа и понатаму ќе биде можно Данска да добие гас. Но, тоа значи дека гасот за Данска мора, во поголема мера, да се купува на европскиот пазар на гас. Очекуваме ова да биде можно“, велат од фирмата.

Околу 4 отсто од вкупната потрошувачка на енергија на Данска доаѓа од рускиот гас, според европската тинк-тенк „Бројгел“.