Квадрилатералната средба, односно петтиот состанок за прекугранична соработка на министрите за надворешни работи на Македонија, Албанија, Бугарија и домаќинот Грција, закажан за 10 и 11 јуни во Солун е одложен, јави МИА од Атина.
Според Министерството за надворешни работи на Грција, дополнително ќе биде соопштен новиот термин за одржување на состанокот.