Раководството на Арсенал настојува да се заврши сезоната во Премиер лигата. Ова се наведува во изјавата објавена на официјалната страница на англискиот тим.
Сите фудбалски првенства на Стариот континент, со исклучок на Белорусија, во моментов се суспендирани поради пандемијата од коронавирус.
– Целосно ја поддржуваме идејата за завршување на првенството и ФА Купот со цел да се зачува интегритетот на секој турнир. Исто така, се согласуваме дека натпреварите мора да бидат продолжени со одобрение од соодветните власти и медицинските професионалци. Премиер лигата постојано се одложува како што расте пандемијата. Но, ние заедно со останатите тимови ја следиме ситуацијата и подготвени сме да работиме заедно, се вели во соопштението на Арсенал.