Тренерот на Ренџерс, Стивен Џерард може да се пресели во Премиер лигата. Според „Атлетик“, Евертон започнал преговори со 40-годишниот поранешен играч за врска на Ливерпул.

Во сезоната 2020/21, Ренџерс стана шампион на Шкотска, а Џерард беше избран за најдобар тренер во лигата.

Досегашен тренер на Евертон беше Карло Анчелоти. Под негово водство, тимот го освои 10. место во Премиер лигата.

За потсетување, Ливерпул и Евертон се градски лути ривали, па доколку се остварат најавите Џерард да ги преземе „карамелите“ ќе биде интересно да се види реакцијата на навивачите на „црвените“.