Сопственикот на ПСЖ, катарскиот шеик Насер бин Хамас ал Кхалифа, полека сака да навлезе и во Премиер лига, преку купување на англискиот Лидс јунајтед.
Катарските шеици по се изгледа сакаат да го прошират своето присуство на европскиот фудбал, со тоа што ќе станат сопственици на неколку клубови.
Медиумите пишуваат дека актуелниот претседател на англискиот клуб, Андреа Радризани наводно веќе постигнал договор за продажба на клубот на шеикот од Катар, но дека се уште не ја откриваат сумата.
Сепак, извори од клубот велат дека сопственикот на Лидс побарале од шеиците 500 милиони евра и дека евентуалниот договор ќе биде потпишан во Катар, а следните денови продажбата официјално ќе биде претставена на медиумите.