Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд го изедначи рекордот на поранешниот фудбалер на „црвените ѓаволи“, Кристијано Роналдо.
На првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на Европа против Гранада (2:0), Рашфорд синоќа го постигна својот осми погодок во евро-куповите во сезоната 2020/21.
Тој го повтори рекордот по бројот на голови во европските натпреварувања во една сезона меѓу играчите на Манчестер јунајтед, кој во сезоната 2007/08 го постави Кристијано Роналдо.
Во сезоната 2020/21, Рашфорд оствари 47 настапи за тимот од „Олд Трафорд“ во сите натпреварувања, со 20 погодоци и 12 асистенции.