Мохамед Салах стана петтиот фудбалер од Африка кој успеал 90 голови во англиската Премиер лига. Салах постигна два гола вчеравечер против Вест Хем во натпревар од 21. коло во триумфот на Ливерпул со 3:1.
Египќанецот има 90 голови во Премиер лигата.
Повеќе од Салах имаат: неговиот соиграч Садио Мане (91 гол), поранешниот играч на Евертон и Портсмут, Јакубу Ајегбени (95 голови), поранешниот напаѓач на Арсенал, Тотенхем и Манчестер сити, Емануел Адебајор (97 гола) и екс играчот на Челзи, Дидие Дрогба (104 гола).
Салах до 90 погодоци дојде по 141 одигран натпревар, воедно тој има и 32 асистенции.