Менаџерите и капитените на сите 20 клубови од Премиер лигата денеска ќе имаат виртуелна средба.
Во 17:00 часот, преку видео-конференција, тие ќе разговараат за евентуално намалување на платите од 30 отсто за да помогнат во справувањето со тешката состојба со коронавирусот.
Одлуката за овој разговор е донесена вчера на состанокот на раководителите на клубовите, на кој се откри дека фудбалот ќе се врати во земјата само кога надлежните ќе одобрат. Претходниот рок беше почетокот на мај.
Во разговорот со капитените денес ќе биде вклучен и Гордон Тејлор, извршен директор на Здружението на професионални фудбалери.