Кибер нападот врз австралискиот Парламент, со кој е извршен упад во мрежите на клучните политички партии, најверојатно го извршила странска влада, изјави денеска австралискиот премиер Скот Морисон, но не го именува „осомничениот“.
-Нашите кибер експерти верувааат дека софистициран државен актер е одговорен за оваа злонамерна активност. Исто така, дознавме дека со нападот се погодени и мрежите на некои политички партии- либерали, лабуристи и националисти, рече Морисон во обраќањето во Парламентот.
Морисон, меѓутоа, не откри кои информации истекоа, но рече оти нема доказ за мешање во изборите. Нападот на серверот на австралискиот Парламент е извршен на 8 февруари.