Паричката од празничното лепче во домот на премиерот Христијан Мицкоски, годинава му се паднала на неговиот син Антониј. Премиерот преку објава на социјалните мрежи информираше дека Бадник го одбележал на традиционална бадникова вечера во кругот на своите најблиски.
Тој порача дека бадниковите празници се симбол на љубов, дарување и меѓусебно почитување, упатувајќи честитка до сите граѓани по повод празникот.
„На традиционална бадникова вечера со моите најблиски. Ова се празници на љубов, дарување и почитување.
Честит Бадник. За многу години!“ напиша премиерот во објавата.




