Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе ја посети општина Битола, информираат од прес службата на владата.

Во 11:00 часот премиерот Мицкоски ќе присуствува на почеток на реконструкција на зградата на поранешното кино „Партизан“ во Битола при НУ Народен театар Битола.

Вредноста на договорот е 96.000.000 денари, додека рокот на реализација е до декември 2026 година.

Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски, информираат од владата.