За промовирање на објавите на премиерот Димитар Ковачевски и на неговата партија СДСМ се трошат големи суми пари месечно на социјалните медиуми Фејсбук, Инстаграм и други, покажува базата на реклами на компанијата Мета, во чија сопственост се овие социјални медиуми, објави Плусинфо.
Со парите кои дневно се трошат за рекламирање на активностите на Ковачевски и СДСМ на социјалните мрежи, илјадници пензионери во Македонија го живеат цел месец, ако се има предвид дека голем е бројот на пензионери во земјава кои имаат пензии приближно на износот кој премиерот го троши за реклама.
Преку оваа алатка може да се истражуваат, филтрираат и да се преземаат податоци за рекламите за социјални прашања, избори и политика, можат да се проверуваат вкупните трошоци на одредени огласувачи и податоци за трошење по географска локација.
Од профилот на премиерот Ковачевски во последниве три месеци се потрошени 18.680 евра за бустирање на неговите објави на Фејсбук, односно рекламирање на неговите содржини. Овие рекламирања ги нарачал и платил СДСМ.
Само во последниов месец за промовирање објави од профилот на Ковачевски се потрошени 6.122 евра. За промовирање на содржини од профилот на неговата партија СДСМ за еден месец се потрошени 2.683 евра, а за последните три месеци 10.683 евра.
Целата анализа може да ја прочитате ТУКА.