Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ е позитивен на коронавирус, изјави портпаролот на Владата на Хрватска.

„По препорака на епидемиолог, премиерот Андреј Пленковиќ во понеделникот повторно изврши тест за коронавирус и неговиот тест беше позитивен. Претходно му беше дадена епидемиолошка мерка за самоизолација, а сега му е дадена 10-дневна мерка за изолација. Во моментов се чувствува добро. Продолжува да ги извршува своите активности и обврски од дома, и ќе ги следи сите упатства на лекарите и епидемиолозите “, рече владиниот портпарол.

Сопругата на премиерот Пленковиќ е позитивна на коронавирусот, поради што е во изолација од саботата.