Граничниот премин меѓу Хрватска и БиХ, Маљевац е затворен, јавија хрватски медиуми. По вчерашните немири ноќта помина мирно.

Мигрантите во текот на вчерашниот ден се обидоа да го пробиат полицискиот кордон и да влезат во Хрватска. Граничниот премин ќе остане затворен додека ситуацијата не се нормализира.

Околу 250 мигранти кои полицијата на БиХ синоќа го одби подалеку од границата, спијат на земја.Меѓу нив има жени и деца. Физичките пречки кои на границата ги постави хрватската полиција се уште се таму.Зголемен е и бројот на полицајци кои вчера беа повикани да спречат влегување на мигранти од БиХ.