Фудбалскиот репрезентативец на Англија Дени Роуз минатата година мораше да паузира повеќе од осум месеци за да ја залечи повредата на коленото. Меѓутоа, тоа не беше единствено со што се бореше. 27 годишниот  фудбалер заболел од најчестата болест на денешницата- депресија.

Иако тврди дека со оптимизам го очекува Светското првенство во Русија, собра сили и да проговори за проблемите кои ги имал последните две години.

-Не е тајна дека оваа сезона во Тотенхем имав проблеми, поради што посетив психолог. Дијагностицирана ми беше депресија, за која никој освен мојот агент не знаеше, па морав да се тргнам од клубот на некое време, вели англискиот играч од одбраната.

-Бев на лекарства неколку месеци, но веќе не сум, сега сум добро. Она исто така никој не го знае, е дека мојот вујко се уби за време на мојата рехабилитација, што уште повеќе ја влоши мојата депресија. Беше навистина тешко, но докторите и психолозите многу ми помогнаа да се носам со тоа, искрено истакна Роуз.

Играчот на Тотенхем прошол вистински хорор, како на личен така и на семеен план.

-Во август мајка ми беше малтретирана на расна основа, а потоа некој дојде во нашата куќа и за малку ќе го испукаше брат ми во лице. Беа стварно тешки времиња, вели Англичанецот, кој поради тоа го советуваше своето семејство да не патува во Русија.

Роуз откри дека својата депресија ја криел и од селекторот на Англија, Герет Саутгејт, но и од своите родители. Иако знае дека ќе бидат лути кога ова ќе го прочитаат, одлучил сите проблеми да ги чува во себе, се до сега.