Примањето на премногу витамини го зголемува ризикот од развој на срцеви проблеми и рак, предупредуваат научниците од Универзитетот во Колорадо.
Повеќето луѓе ги примаат витамините во форма на таблети со верувањето дека така ќе го подобри нивното здравје и ќе се заштитат од болести. Но, една нова студија покажа дека премногу адитиви можат да имаат спротивен ефект. Пребрзото испорачаната дневна доза го зголемува ризикот од проблеми со срцето, па дури и може да доведе до рак.
“Не сме сигурни зошто тоа се случува на молекуларно ниво, но имаме докази за штетниот ефект на претерувањето со витамини”, објасни д-р Тим Бајерс, шеф на истражувањето.