За кучињата скитници побаравте помош од Брисел, дали сега побаравте помош за лебот од Брисел. Во една држава во која нема леб на полиците, а килограм кромид 80 денари ниту една реченица од тука не значи подобар живот, рече Љупчо Пренџов коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, ГРОМ.
„Никој од овие пак што денес ни ги предложивте не излегоа да ни кажат што ќе работат, а не ни кажа ни премиерот. Премиерот ни кажа мнозинството расте, па прашувам како расте од 65 на 62 им проработува совеста ли на некои или што е“, праша Пренџов.
Пратеникот посочи дека додека Македонија ги брои странските инвестиции во милиони, а соседите во милијарди.
„И без разлика на сето што го кажувате Македонија е држава во која нема ред и поредок, држава во која народот не ви верува, држава во која ја суспендиравте демократијата и волјата на граѓаните. Ковачевски е најодговорен во манипулацијата на гласачите. Граѓаните не гласаа овие пратеници од Алијанса на Албанците да бидат во Влада со ДУИ. Тоа се вика изигрување на волјата на гласачите“, посочи Пренџов.