Пратеник во Собранието на Република Македонија Љупчо Пренџов говореше на Собраниска седница. Тој дирекно се обрати на колешката Тренчевска.
-Вашата дискусија ми беше едно своевидно дежеву, бидејќи ракописот на вашата дискусија неодоливо потсетуваше на реториката на оној којшто политика учеше на пазарот во „Горни Милановац“. Политиката што ја научи во пазарот на „Горни Милановац“ денеска вие тука како реторика веќе ни ја повторивте, но за разлика од вас тој од таму ни пријави три милиони евра заработени. Тој е единствениот трговец што од пазарот во „Горни Милановац“ заработил три милиони евра.
-И затоа почитувана колешке, едно од главните прашања, една од главните задачи на новиот обвинител ќе биде: Дали кланот Заеви, дали Зоран Заев и дали останатите ваши фирмички околу во Струмица ќе бидат низ една транспарентна постапка, ќе бидат истражени и сите оние документи што како опозиција ги објавувавме ќе бидат истражени и соодветно испроцесуирани во судовите, нагласи Пренџов.
Пратеникот Пренџов нагласи дека е важно за правдата бидејќи високота корупција особено правена од поранешни премиери и тоа како става или дамка или е светла точка во македонското правосудство и во извештаите на оние кои не мониторираат, а тоа во сличајот е Европската Унија.
-Не можете да скриете никој од прв до последен, да ја скриете исплашеноста и уплавот кој што го имате од тоа што ќе се случува во Република Македонија. Зошто? Бидејќи имате Јавен обвинител кој де го фалите, де ќе го гласате против, де можеби ќе биде партиски. Но, она што може да се види е како спомените ви се враќаат за сите криминали коишто сте ги правеле во министерствата, во владата, во општините и се однесувате како лист во октомври што знаете дека ќе падне на земјата но се чека ветерот кој ќе го бутне, додаде Пренцов.
Во своето обраќање од говорницата тој нагласи:
-Јас се надевам дека овде ќе имаме обвинител кој ќе го обели образот на македонското правосудство, дециден е Пренџов.




