Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов по одлуката на Арбен Таравари да ја напушти Влада, истакна дека останува на времето да видиме колку од високите владини функционери и други функционери, директори ќе му веруваат и ќе одлучат да играат согласно неговите лични интереси и ќе поднесат оставки од позициите.
Во гостувањето во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, Пренџов посочи дека ваквата одлука Таравари ја донесе со мал дел на луѓе околу него за нивни лични интереси, затоа што граѓаните ги гласаа за реформи и за да го средуваат хаосот кој го направиле ДУИ.
„Она што за мене е клучно е прашањето, кои што, исто така во поглед на оваа политичка егзибиција од страна на Таравари и многу мал дел околу него луѓе, оваа одлука која што му е донесена е колку од високите владини функционери и други функционери, директори ќе одлучат да играат согласно личните интереси на Таравари. А, колку ќе одлучат да својот мандат доследно го испочитуваат, којшто им е даден од граѓаните им е даден со цел да прават реформи и да ги поправаат грешките на ДУИ. Хаосот и криминалот којшто ДУИ го остави во институциите. Тоа останува да видиме на времето, бидејќи секое прејудицирање ќе биде несериозно“, истакна Пренџов.
Во однос на Европската Унија, Пренџов посочи дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ не е променет и тој го знае секој еден граѓанин во државата, дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати уставни измени во којшто Македонија и Македонците ќе бидат понижени од страна на нашиот источен сосед и воедно најслаба и најмалку почитувана држава во Европската Унија.
„Во поглед на Европската Унија, нашиот став е непроменет и вие тоа многу добро го знаете. Ист како што секој знае, дека ако ние со 44 пратеници сме кажале дека уставни измени во којшто Македонија и Македонците ќе бидат понижени од страна на нашиот источен сосед, воедно најслаба и најмалку почитувана држава во Европската Унија, Бугарија за нас тоа не може да се случи. Со 58 пратеници, претпоставувам дека друг одговор не може да се очекува и со нас секој еден граѓанин изминатите четири години, откако тоа се случи, откако Бујар Османи на еден подол начин отиде во Бугарија и на сите нас, не само на Македонците, што живееме во Македонија ни ја затвори европската перспектива со потпишување на нешто што никогаш не може да се оствари“, рече Пренџов.
Обраќајќи му се на пратеникот од Алијанса на Таравари, Халил Снопче, Пренџов посочи дека ќе видиме на крајот на денот што навистина се случувало и кои биле вистинските мотиви за ова што сега Таравари и тие околу него го зборуваат и прават.