Преподобен Гаврил Ургебадзе

“Свештениците лоши, власта лоша, сите лоши.
Вие би сакале за претседател да ја имавте царица Тамара, а во Парохијата да ви служи Свети Никола Чудотворецот
А вие самите – кои сте?
И уште би сакале како лекар во болницата да работи Свети Пантелејмон, а на певница да пее цар Давид или можеби Теодор Шаљапин (*врвен оперски пејач) или, да биде така . . (фала ти Александар Сергевичу /Пушкине/) што – “јас да бидам господарка на
морето, а Рипката кај мене да е слугинка”.
Простете, ама, вие во огледало се погледнувате?
А во совеста ваша сте се загледале?
Со здравиот разум сте се посоветувале?
Вие самите – кои сте?
Но, си замислив јас, како би било кога во стварност би служел во парохијата заедно со Свети Никола.
Несомнено, на службата ќе биде преполно со луѓе, исто како коработ на Свети Петар што се преполни со риби.
За чуда, за милостина, за благодатна помош, сите ќе се туркаат.
И тоа без никаква реклама.
И ќе биде – сите се во неволја: – синот пиел, – невестата многу шетала, – се нема пари, – мажот останал без работа, – имам рак … И сите, кај Свети Никола ! Тој на сите им помага.
Но Свети Никола нема да биде таков “угодник” во таква смисла, само за да ни угодува нам.
Тој, првенствено на Бога ќе Му угодува и од нас ќе го бара истото.
Ќе бара од нас секоја недела да одиме на Литургија. И уште подобро, ќе воведе од полноќ сеноќно бдение. И тоа такво, цела ноќ а на разденување – Литургијата.
Ќе бара да постиме според уставот, а не вака како што сме навикнале – со караси (риба).
Во среда – нема јадење, во петок – исто така. Ќе ни рече да го научиме Псалтирот наизуст. Имајќи ја во предвид неговата позната шлаканица кон Ариј, можеме да претпоставиме и дека на некој таков денешен (непослушен) слободоумец Свети Никола и “портретот може да му го поправи” (со шлаканица)

Неизбежно, ваквото пламено служење, на денешната наша расипана и мрзлива христијанска заедница ќе ѝ личи на предизвик, на измачување, укор и потсмев.
– “Да, го барам Никола, за чудо за неколку минути!
По чудо дојдов. Колку кошта? Треба итно да одам “во Париз службено”.
Ти, Никола, дај ми што ти барам, ама брзо. Не ми влегувај во душата.
Туѓа е душата и самиот знаеш, темнина. А сега, да одам јас. Проштевај, Никола. До скоро видување. До следната моја потреба”.
А тој ти вели :
-“Чекај, неранимајко. Погледни ме в очи! Што си намерил, да го претвориш храмот во продавница за трговија?
Сакаш добро? Сакаш помош? А да се потрудиш за Христа, сакаш? Долговите да ги вратиш, да им помагаш на сиромашните, да стоиш ноќе на молитва ?” итн.
И знаете што ќе се случи потоа?
За скоро време, по месец-два, кон Партијаришјата ќе полетаат писма и телеграми од анонимни кодоши и од официјално навредени и понижени.
Ќе се жалат дека, оној на кој денес му се молат, треба и да живее како што е времето денес, а не како во четвртиот век. Да им дава денешна “храна”.
За Николај Чудотворецот ќе велат :
” Груб, дивјак, држи долги служби,
прекумерно е строг, се дере, нѐ колни, нема љубов” итн.
А пак, ако кај нас на служба како свештеник би бил Архангел Михаил! Храмот би бил пуст!
Сите би се разбегале од ужас и чувство на целосна грешност, кој кај ќе стигне. Под исповедалниот аналој ќе остане само пепел. Пепел од грешниците кои сами ќе горат од срам на исповед, по само неколку поставени прашања од Архангелот кој ги исповеда.
Со еден збор, кога ќе ви дојде да мрморите дека сите се лоши (а само вие сте добри), помислете што би било, кога реално, со државата би управувале кнезот Владимир или Андреј Богољубски, а во парохијата да служи Јован Кронштадски. Замислете си го тоа во детали.
О, вие тогаш би кукале!
Да, вие. А јас би се смеел.
Затоа погледнете на своите семејства, на пријателите, на свештениците кои ги познавате. Прости се и грешни, како и сите други.
И радувајте се.
Заблагодарете Му на Бога, што на светите им и испраќа свети, а кај вас – грешните – грешници.
И смирете се.”