Веднаш по основањето на христијанската црква многу жени искажале готовност да му служат на својот Господ.

И покрај страшните прогони што ги спроведувале државните власти, жените останале верни на својата определба да се жртвуваат за својата вера. А кога по 4 век започнало да се шири пустиножителството, многу христијанки го прифатиле тој начин на подвижништво, се откажале од земните задоволства и му служеле на својот Господ.

Таква била и преподобната Матрона Цариградска која преживеала многу прогонувања, многу години се подвизувала во манастир и самата основала во Цариград женски манастир.

Откако во монаштво минала 75 години умрела во 492 година на 100 годишна возраст. Некои семејства го празнуваат нејзиниот празник со домашни служби. (Подготви Марко Китевски)