Водостојот на Преспанското и Дојранското Езеро е намален за по еден сантиметар во однос на вчера, а нивото на Охридското Езеро е исто со вчерашното, покажуваат резултатите од мерењата направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Сепак, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,65 метри повисок од просекот за ноември, додека нивоата на Преспанското и Охридското Езеро се пониски од просечните и тоа за 1,45 метри кај Преспанското и за 17 сантиметри кај Охридското.
Пониски од просечните се и водостоите на сите реки во земјава.