Судот на ЕУ пресуди дека Хрватска не ги исполнила обврските од европската Директива за отпад, меѓу кои и онаа да обезбеди заштита на здравјето на луѓето и околината поради „црниот рид“ во близина на Задар, каде има депонија со 140.000 тони отпад од поранешната Фабрика за електроди и феролегури (ТЕФ) од Шибеник.
Во тужбата, која на 2 мај ја поднесе Европската комисија против Хрватска, Судот на ЕУ пресуди дека Хрватска не ги исполнила обврските од Директивата за отпадот затоа што не презела мерки во врска со „санација на илегалниот ’црн рид’“ во близина на Задар, пренесува хрватски Индекс.
Од 2010 година на таа локација, на земјиште кое не е одредено за депонирање отпад, во близина на семејни куќи, се остава згура која Хрватска не ја класифицира како отпад, а исто така, не биле преземени ни мерки за заштита на поздемните води и спречување на ширење на прашината во околината. Згарата е донесена при санацијата на ТЕФ и од тогаш локалното население се жали, а Еврокомисијата првпат Хрватска ја предупреди на нејзините обврски во 2014 година. Откако до април 2018 година отпадот не беше саниран, Европската комисија против Хрватска поднесе тужба, а по постапката судот утврди дека се основани сите три тужбени барања.
Во пресудата Судот наведува дека Хрватска не ги презела сите мерки за управувањето со отпадот да се спроведува на начин кој нема да го загрозува здравјето на луѓето и околината, како и дека не ги исполнила своите обврски бидејќи згарата не ја класифицирала како нус производ.