Откако направи една од „најголемите грешки во историјата на банките“, на Ситибанк нема да и биде дозволено да си врати речиси половина милијарда долари случајно префрлени на позајмувачи на Ревлон, пресуди судија на американски окружен суд, јави Си-Ен-Ен.
Ситибанк, што дејствуваше како агент за кредити на Ревлон, планираше да испрати околу 8 милиони американски долари камата до доверителите на компанијата за козметика. Наместо тоа, Ситибанк случајно ја зголеми таа сума речиси 100 пати, додавајќи 175 милиони долари на хеџ фондот. Се на се, Сити случајно испрати 900 милиони долари на кредиторите на Ревлон.
Во август, Ситибанк поднесе тужба со која бара поврат, но сè уште нема добиено 500 милиони долари од 10 консултантски фирми за инвестиции по погрешниот трансфер.
Законот обично ги казнува оние што трошат пари случајно депонирани на нивните сметки. Случајните трансфери се вообичаени во дигиталната ера, но законите во Њујорк имаат исклучоци од ова правило, познато како „заштита на ослободување од одговорност‘.
„Ако корисникот има право на пари и не знаел дека се случајно префрлени, тој може да ги задржи. Заемодавачите на „Ревлон“ рекоа дека веруваат оти „Ситибанк“ предвремено префрлила пари за заемите. Во крајна сметка, парите случајно префлени се точната сума „до денар“ што им ја должеше Ситибанк, иако заемот не беше предвиден да доспее подолго време“, информира Си-Ен-Ен.
Кредиторите не можат да ги земат парите и да се заштитат – бидејќи е можна жалба.
– Ние не се согласуваме со оваа одлука и имаме намера да поднесеме жалба. Веруваме дека имаме право на средствата и ќе продолжиме да бараме целосно да ни се вратат, се вели во изјавата на Ситигруп.