Активистката од тн. шарена револуција Моника Ристовска е осудена на една година затвор, за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На обвинетата Ристовска во изречената казна затвор и се засметува и времето поминато во притвор сметано од 11 мај 2019 година до започнување со издржување на изречената казна затвор. Судот не и ја отповика претходната условна осуда.
На 10 мај годинава на улица во Куманово, Ристевска беше приведена, по што е извршен претрес во нејзиното престојувалиште во Куманово и се пронајдени 14,46 грама канабис.