Канадскиот министер за трговија со САД, Доминик Лебланк, изјави дека одлуката на Врховниот суд ја зајакнала позицијата на неговата земја дека царините на Трамп биле „неоправдани“.

Сепак, тој додава дека останува да се работи на секторските царини во автомобилскиот сектор, како и за челикот и алуминиумот, кои негативно се одразија врз тие индустрии, јави Би-Би-Си.

Тој исто така се осврна на ревизијата на USMCA (познат во Канада како CUSMA), трилатералниот трговски договор меѓу САД, Канада и Мексико, велејќи: „Работиме на создавање раст и можности од двете страни на границата, истовремено зајакнувајќи ја нашата соработка со сигурни трговски партнери и сојузници ширум светот“.

Администрацијата на Трамп соопшти дека размислува дали да го укине трговскиот договор, кој во некоја форма постои од почетокот на 90-тите години и беше повторно преговаран во првиот мандат на Трамп, во корист на посебни договори со северниот и јужниот сосед.