Течната биопсија може да открие 10 видови карцином во рана фаза, истакнале американските научници кои тврдат дека овој метод во иднина би можел да ги намали случаевите на појава на тумор.
Тестот покажува знаци на ракот, со откривање на делови од ДНК, кој ќелиите на туморот ги испуштаат преку крв. Како што наведуваат научните портали, тестот покажал исклучително добри резултати кај карцином на јајници и панкреас, иако не станува збор за голем примерок.
Научниците се надеваат дека тестовите ќе станат дел од прегледот, преку кој докторите можат да откријат рак кај пациентите.
„Ова може да стане Светски грал за истажување на ракот, откривање на тешко излечиви болести во рана фаза, кога е полесно да се излечат“, истакнал д-р Ерик Клејн, главниот автор на студијата од институтот за онкологија во Кливленд.
Истражувањето во кое учествувале и научници од Универзитетот „Stenford“, е претставено и на конференцијата на Американското друштво на клиничка онкологија во Чикаго. Истражувачите веруваат дека овој тест може да доведе до високи стапки на преживување кај пациентите и може значително да ја зголеми продуктивноста на медицинската пракса.
Течната биопсија е најпрецизна во откривање на рак на панкреас, јајници, црниот дроб и жолчката.
Во истражувањето учествувале 1600 луѓе, од кои 749 немале рак во текот на истражувањето, а 878 имале поставена дијагноза. Болеста е пронајдена кај 4 од 5 заболени.
Тестот открил мала веројатност на лимфа и меланом, и тоа во 77 од 73 случаеви, а карцином на дебелото црево е откриен кај два од три пациенти. Рак на белите дробови е откриен кај 59% од пациентите, а на главата и вратот кај 56%.
Во истражувањето, во 90% од случаевите е откриен рак на јајници, иако примерокот бил мал, додека успешноста за откривање на рак на дебелото црево, изнесувала 66%. Потребни се уште истражувања, за овие тестови да можат да се спроведуваат како мерка за претпазливост и рано откривање на карцином.