Јавен обвинител изврши увид на местото на сообраќајната несреќа кај Чешиново во која загинаа две лица, а седум се повредени.
Издадени се повеќе наредби за утврдување на причините за несреќата.
На увидот присуствуваше и вешто лице од областа на сообраќајот, а според првичните сознанија до несреќата дошло при претекнување. Издадена е наредба за прибирање траги од лице место, за обдукција на телата на починатите, наредба за испитување на примероци од крв и урина од учесниците во несреќата, а ќе биде наредено и сообраќајно-техничко вештачење, велат од Обвинителството.
Повредените биле примени во кочанската болница. Дел од нив, кај кои се констатирани посериозни повреди, веќе се препратени за натамошен третман во болниците во Штип и Скопје.