Навивачката група Kомити вчеравечер со фејсбук објава за младиот 20 годишен Никола Саздовски кој што беше крвнички претепан, со смртни повреди и сеуште се наоѓа во кома во Клиничкиот центар во Скопје.
На 29.06.2018 тој бил пресретнат од тројца непознати машки лица, за кои Комити тврдат дека припаѓаат на навивачката група „Шверцери“. Секторот за внатрешни работи Скопје поднел кривична пријава против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје за сторено кривично дело „насилство“. МВР вели дека немало обид за убиство, иако Саздовски сеуште се бори за живот.
(Фејсбук статус на навивачката група “Комити”)
Молчевме цела недела, огорчени, потиштени и со мислите кон нашиот млад брат. Како да ви го објасниме МВР нашиот гнев, нашиот моментален порив за одмазда!? Дали сте свесни дека ќе започнете нешто, од кое нема враќање назад.
Нашите прашања до институциите, НВО-та(ако постојат уште такви), медиумите и граѓаните на оваа наша измачена земја, се:
Прво, од кога тоа, дело, убиство во обид, кое се казнува со дваесет години затвор, се преобразува во дело насилство?
Второ, на кој начин дело сторено на 29.06. 2018 година, се објавува во полициски билтен на 02.07. 2018, наместо следниот ден, како што е редот?
Трето, до кога ќе ги заштитувате милениците на ДУИ (шверцери) како бели мечки?
Осудените за убиство во делото „Монструм“, кога на пет Македонци им беше одземен животот, се слободни, а луѓето што го нападнаа „Могли“ од Струга (кој во интервјуа раскажуваше дека македонскиот народ не постоел) се затворени.
Прашуваме каде е тука правдата? Се сеќавате ли на Мартин Нешковски и реакцијата на тогашните „револуционери“? Се сеќавате ли дека сето тоа беше за прикривање на дело? Се сеќавате ли колку бевте гласни? Тогаш глумевте за личен интерес и за полнење на вашиот џеб, а сега кога го нема тоа, скриени како глушец во дупка.
Нашите мисли, срце, душа и нашите молитви се со Саздо и неговата фамилија. Се молиме, да повторно дојдеш и запееш со нас, за Вардар и за Македонија!