Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија  со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно добиени оперативни информации и добиена судска наредба за претрес, извршија претрес во дом на А.С. (39) од скопското село Страчинци.

При претресот, како што соопштија денеска од МВР, пронајдени се два пиштола, една пушка и три куршуми. А.С. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство. цр/хс