Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ќе го претстави денеска официјалниот предлог за план за европско економско закрепнување од последиците на пандемијата со новиот коронавирус.
Фон дер Лајен сака да го поврзе планот со следниот седумгодишен буџет на Европската унија. Планот вклучува собирање на неколку стотици милијарди евра на пазарите на капитал, од кои повеќето ќе бидат распределени за најтешкко погодените држави.
Европскиот данок за пластика, дигиталниот данок на деловна активност и проширувањето на Системот за тргување со емисии на Европската унија (ЕУ ЕТС) се три опции што помагаат да се соберат многу потребните пари, потврдија извори блиски до ЕУ.
Сличен план беше предложен минатата недела од Франција и Германија, според кој ЕУ ќе формира фонд од 500 милијарди евра за реактивирање на економиите и помош на индустриите погодени од епидемијата.
Нењсогласување со планот веќе изразија Австрија, Данска, Холандија и Шведска.
Фон дер Лајен ќе одржи говор на специјалната седница на Европскиот парламент во Брисел денеска, по што ќе одржи прес-конференција.