По повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, под покровителство на претседатeлката Гордана Сиљановска Давкова, утре – 2 август 2024 година, петок, предвидени се следните активности:

Во Пелинце, со почеток во 10:00 часот, претседателката Сиљановска Давкова ќе положи свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ, ќе има обраќање и ќе ја посети спомен собата во Меморијалниот центар. Во рамки на чествувањето ќе настапи ансамблот за народни игри и песни „Танец”.

Акредитираните медиумски екипи е задолжително да бидат во Пелинце најдоцна до 08:30 часот.

Во манастирот „Св. Прохор Пчински“, со почеток во 12:00 часот, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе положи свежо цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ.

Во манастирот „Прохор Пчински“, претседателката Сиљановска Давкова ќе биде пречекана од страна на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. Двајцата претседатели ќе остварат билатерална средба, по што се предвидени изјави за медиумите.

Во состав на државно-црковната делегација која ја предводи претседателката Сиљановска Давкова на чествувањето во манастирот „Св. Прохор Пчински“ се потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, заменик претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, македонскиот амбасадор во Република Србија, Никола Тупанчески, претставниците од Сојузот на борци, Наум Буревски и Снежана Несторовска и Митрополит Кумановско-осоговски Григориј.

Положување цвеќе од страна на делегации од Кабинетот на претседателот

· Во Скопје, делегација од Кабинетот на претседателот, ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на АСНОМ во паркот „Жена-борец“, пред споменикот на Никола Карев пред Собранието и пред споменикот на Методија Андонов – Ченто на плоштад „Македонија“.

· Во Крушево, делегација од Кабинетот на претседателот ќе положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, пред споменикот на хероите на месноста „Слива“ и на Мечкин Камен.

· Во Смилево, делегација од Кабинетот на претседателот ќе положи свежо цвеќе на Могилата на Даме Груев, пред споменикот на смилевските илинденци и на спомен-плочата на партизанскиот одред „Даме Груев“.