Португалскиот суд му изрече денеска куќен притвор на претседателот на лисабонскиот фудбалски гигант Бенфика, Луис Фелипе Виеира, одредувајќи кауција во износ од три милиони евра.
Виеира (72), заедно со уште три лица, беше приведен во средата во рамки на операцијата „Црвен картон“ поради сомневање за измама, перење пари и затајување данок.
Неговиот адвокат изјави за локалните медиуми дека Виеира ги негира наводите во обвинителниот акт.
Бенфика, која зад своето име има рекордни 37 португалски титули, не е предмет на истрагата.
Клубот соопшти претходно денеска дека поради истрагата која се води против Виера, неговиот заменик и поранешен португалски репрезентативец Руи Кошта е назначен за вршител на должноста претседател на клубот.