Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро се уште е позитивен на коронавирусот, и после најмалку три теста.
Заразата кај Болсонаро за првпат беше потврдена на 7 јули, а тој и после две недели во карантин се уште е позитивен.
Бразилската Влада соопшти дека тој сè уште се чувствува добро.
Според Светската здравствена организација, времето на закрепнување за лесни случаи е две недели.
Болсонаро ќе продолжи да одржува состаноци преку видео-врска.
Коронавирусот е потврден и кај уште четири лица во неговиот кабинет.
Болсонаро повеќе пати ја негираше сериозноста на Ковид-19, и болеста ја нарекуваше „обичен грип“.