Претседателот на Чешка, Петр Павел, на својот X профил ги коментираше резултатите од изборите за Европскиот парламент, велејќи дека е невозможно да се игнорира растот на поддршката за „екстремистите“ во ЕУ, каде што веројатно десничарските партии ќе имаат мнозинство.

„Сепак, верувам дека главната вредносна ориентација на Европската унија, насочена кон безбедноста или демократијата, нема да се промени по овие избори“, рече Павел, пренесува „Европска правда“.

Тој им честиташе на избраните пратеници во Европскиот парламент и им се заблагодари на сите гласачи кои излегоа на гласање, истакнувајќи дека одѕивот бил 36 отсто, што е највисок од влезот на Чешка во ЕУ.

„И покрај тоа, ние сè уште сме на дното на просечниот одѕив во Европската унија“, истакна чешкиот претседател.

На изборите за Европскиот парламент во земјаta победи партијата на поранешниот премиер на Чешка, Андреј Бабиш, која доби повеќе од 26 отсто од гласовите.