Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи не верува во можноста за заживување на проектот Суперлига.
– Што се однесува до псевдо-Суперлигата, таа не постои. Ниту првата верзија, ниту втора. Сите се против неа – навивачите, медиумите, големите и малите клубови. Само три тима се за. Најчудно е што овие клубови сега уживаат да играат во натпреварувањата на УЕФА. Тие се среќни што учествуваат на најсилните турнири. Мислам дека сега немаат начин како да ја оживеат Суперлигата, бидејќи тука сме обединети. Работиме да го развиеме нашиот потенцијал и што можеме да постигнеме во 2022 година. Една од целите е да се зголеми вредноста на натпреварувањата на УЕФА, што ќе докаже дека овие три клуба грешат и ќе стануваме се посилни и посилни, изјави претседателот на ПСЖ.
По порпаѓањето на првичниот проект за формирање Суперлига, само Барселона, Реал Мадрид и Јувентус останаа оптимисти дека новото натпреварување може да заживее.