Претседателот на Сбербанк, најголемата руска банка, оцени дека на Русија може да и бидат потребни 10 години за да се опорави од западните санкции.

– Враќањето во економијата пред санкциите може да потрае 10 години бидејќи нивото на трговија е преполовено, рече Герман Греф.

Греф посочи дека рускиот увоз, како и извозот, е преполовен бидејќи голем дел важни земји ги прекинаа економските врски со Русија.

– Зборуваме за закана од околу 15 отсто од БДП. Поголемиот дел од нашата економија е нападнат, рече челникот на Сбербанк на годишниот меѓународен економски форум во Санкт Петербург.