Претседателот на Зимбабве, Емерсон Мнангагва, преживеа напад на политички собир во Булавеј, објавија локалните медиуми.
Снимките од стадионот покажуваат дека Мнангагва, кога ја напушта сцената на која претходно држи говор, во негова близина експлодира направа. Неговиот портпарол рече дека претседателот не е повреден, но повредени се неколку високи функционери.
Мнангагва дојде на власт во ноември, кога заминува неговиот претходник Роберт Мугабе.
Мнангагва беше во Булавеј, како дел од кампањата за избори, кои ќе се одржат на 30-ти јули.
Оваој обид за атентат на Мнангагва е петти во последните пет години.