Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес пристигна во ненадејна посета на Велика Британија, а по средбата со британскиот премиер и обраќањето во Парламентот, се сретна и со кралот Чарлс Трети.

За време на неговата прва посета на Велика Британија од почетокот на војната во Украина, Зеленски се сретна со премиерот Риши Сунак, по што одржа говор во парламентот.

После тоа се упатил кон Бакингемската палата, каде што го пречекал кралот Чарлс.

Ова е нивна прва средба досега.

Инаку, на социјалните мрежи корисниците коментираат дека Зеленски се облекол сосема лежерно.

Да потсетиме, Зеленски денес пристигна во Британија, каде ги посети украинските војници кои се на обука во оваа земја и се обрати пред британскиот парламент.

Кабинетот на британскиот премиер ги објави плановите за проширување на обуката за вооружените сили на Украина и дека ќе се обучуваат борбени пилоти и маринци, како и ќе се забрза снабдувањето со опрема за украинската војска. Обуката ќе им овозможи на пилотите да летаат со софистицирани борбени авиони според НАТО стандардите во иднина.