Според тие податоци, околу 13 милиони луѓе гласале лично до вчера вечерта, а повеќе од 17 милиони по пошта, објави телевизијата ABC.
Иако е завршена регистрацијата на гласачите, граѓаните имаат рок до 29 октомври да побараат ливчиња за гласање по пошта, а досега се побарани над 1,8 милиони гласачки ливчиња.
Во Пенсилванија, повеќе од девет милиони луѓе се регистрирани да гласаат на изборите на 5 ноември, само 2.000 помалку отколку на изборите во 2020 година.
Almost 30 Million Have Already Voted Early. https://t.co/YB4l8PbyL4
— Thomas Kaine (@thomaskaine5) October 24, 2024
Неколку држави, вклучително и клучните држави како Северна Каролина и Џорџија, поставија рекорди за првиот ден од предвременото гласање минатата недела.
Пенсилванија и Џорџија се меѓу седумте држави кои ќе одлучат кој ќе победи на претседателските избори, пренесува Ројтерс.
Претседателските избори во САД се одржуваат на 5 ноември.