Шпанската влада ги претстави новите енергетски мерки, потврдувајќи дека планира да ги затвори нуклеарните централи до 2035 година.
Демонтирањето на нуклеарните централи ќе започне во 2027 година, а отстранувањето на радиоактивен отпад и демонтирањето ќе чини околу 20,2 милијарди евра, објави Владата, додавајќи дека трошоците ќе бидат покриени од фонд поддржан од операторите на електраните.
Нуклеарните централи задоволуваат околу 20 отсто од вкупните потреби за електрична енергија на Шпанија, а нивното затворање беше топ тема во неодамнешната изборна кампања. Владејачките социјалисти решија да ги затворат, а опозициските конзервативци планираа да ја повлечат нивната одлука.
Помеѓу другите мерки, Владата ги претстави измените на регулативата со која се уредува развојот на нови проекти за зелена енергија и аукции во областа на обновливите извори на енергија.
Мадрид ги продолжи клучните административни рокови за нови проекти. Компаниите сега имаат 49 месеци да добијат градежна дозвола.
Во иднина, аукциите во сегментот на обновливи извори може да вклучуваат квалитативни критериуми кои би ги земале предвид социјалните и еколошките стандарди со цел „да се препознае додадената вредност на европските производи“, се вели во соопштението на Министерството за енергетика.