Едногласно со 13 гласа „за“, Иван Џолев доби и втор мандат во Кривичниот суд. Немаше противкандидат, а членовите на судски се изјаснија дека го гласале поради неговите менаџерски способности, ажурноста, транспарентноста и добрите меѓучовечки односи во судот, објавува ТВ Телма. Претседателката на Судски, Весна Дамева најави дека е при крај извештајот кој треба да ги даде одговорите зошто девет месеци во Апелација немало одлука за предметот „Таргет-Тврдина“.
„Зошто им требало девет месеци на судиите од Апелација да ја укинат пресудата за предметот за масовното прислушување кој се ближи до застарување во делот за Мијалков, членовите на судски совет подготвуваат извештај откако вонредно влегоа во апелација. Покрај за овој предмет требаше да проверат зошто бавно се одлучувало во уште три други предмети. Извештајот се пишува и на почетокот на следната година треба да се знае што откриле и што може да се преземе“, рече Дамева. Таа признава дека судскиот совет да знае и да регира навреме.
По ставот на министерот Тупанчески дека не може стручен соработни кој станал член на судски да оценува врховен судија и дека ќе иницира промена на законот кој не дозволува судии да бидат на чело на ова судско тело, Дамева рече дека не сака да коментира политички изјави
„Апелирам до сите политичари да се воздржат од какви било коментари во однос на работата на Судскиот совет мешајќи се во надлежностите. Да не се коментираат состојби со одлуки донесени од страна на судовите. Ова значи директно влијание врз работата и во надлежностите на Судски совет, а Министерство за правда или извршната власт како предлагач на законите може час поскоро да реагира ако смета дека истото не е правилно. Не би сакала лични ставови да ја создаваат перцепцијата во јавноста рушејќи го интегритетот и на институцијата Судски совет и на членовите на Судски совет“, вели Дамева.
Иван Џолев останува на чело на Кривчниот суд уште четири години. Таму е судија од 2008 година, а од 2017 година е претседател. Џолев беше единствен кандидат. Членовите на советот го избраа едногласно со 13 гласа, објаснија зошто го поддржале, но и дека ова е прв избор со новата пообеемна методологија за оценување на судии.
Претседатлеката на судски, Весна Дамева изрази жалење што изборот за еден од најголемите судови е со само еден кандидат и јавно се запраша зошто ниту еден друг судија не одлучил да се пријави. И таа го пофали, но му порача и внимава на старите предмети.
Во судот кој Џолев продолжува да го раководи се враќаат жешките предмети на СЈО „Трезор“ и „Таргет-Тврдина“ кои скопска апелација ги укина поради суштествени повреди сторени на судењето пред основниот суд, кои засега останаа тајни поради небјавената пресуда