Вонредна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за ситуацијата на Косово, што ја побара Србија, е закажана за четврток во 21 часот по средноевропско време.
Србија во понеделникот побара вонредна седница поради ситуацијата на косово и новите тензии предизвикани од одлуката на Приштина за укинување на српскиот динар во плаќањата и трговијата, што Белград го гледа како незаконска одлука и обид за целосно етничко чистење. На први февруари во Косово стапи на сила уредбата со која се предвидуваат плаќања во готовина и платежни трансакции исклучиво во евра, со што се зголеми загриженоста на српската заедница бидејќи тие примаат плати и пензии од Србија во Динари.