Исчезна архитектот и професор во пензија Георги Константиновски.
Семејството го пријавило во полиција неговото исчезнување, но не се сигурни кога точно го напуштил домот во Бардовци, каде живеел 35 години.
Георги го нема од ноќта меѓу петокот и саботата. Во меѓувреме во Брза помош е донесено тело најдено во Бардовци, но сѐ уште не е идентификувано.
Константиновски е автор на проектот за студентскиот дом Гоце Делчев, Домот на печат во Приштина за кој доби југословенска награда, како и на објектот во Пелинце и Сеизмолошкиот завод.