Приказна за дедо Господ кога правел воденица
Направил воденица се од железно. Ја пуштил да меле и се запалила. Тогаи дедо Господ пратил за да доиде ѓаволот да му каже. И ѓаволот дошол. Го прашал Госпот ѓаволот, ѓаволот се поисмејал и си кинисал. Тогај Господ кажал на пчелата.
– Качи му се на ѓаволот на шапката и слушаи што ке зборуе ти да ми кажиш.
Пчелата на ѓаволот му застанала на шапката и го слуша. Ѓаволот одил и сам си прикажуе.
– А може ли това, Господ прави воденица салти од железо, ами купи си еден камен пољут, и еден камен помек, направи коло од дрво, баба од дрво, вретенце од дрво, салти сенеот и прплицата да се од железо, тури една бука голема и на буката цивун, пушти ја нека меле та прплец да оди. И се затрајал и пчелата: бррр, от шапката на ѓаволот си летнала. И ѓаволот рекол:
– Ах, тука ли си ти – и се пуштил по пчелата, овде онде ја наближил и пчелата се пикнала од една дупка при дедо Госпот. Ѓаволот мавнал со сабјата и ја пресекол на половината. И си влегла пчелата при дедо Госпот. Дедо Госпот ја прашал:
– Што рече, шчело?
Она му кажуе:
– Се научих, само това ме пресече ѓаволо на половина. Госпот рекол:
– Како?
-Пчелата му раскажала како што чула од ѓаволот и тогаи Госпот рекол:
– А навистина така требе да се направи воденицата. Е пчеличко да си благословена и сите пчели така да се прекинати на половина и да се раните со најубавото миризливо и благо цвеќе. И друго што сакаш? – ја прашал Госпот пчелата.
И му рекла на Бога:
– Сакам да ми дадеш и това што ќе уапа со осилото ми, се да умре.
И Господ згрешил, божем да каже да си благословена, што ќе уапаш ќе умре, тој и рекол на пчелата.
– Да си благословена, што ќе уапаш, се да умреш. И пчелата му рекла:
– Амин.
(Од записите на Христо Антов од с. Мрзин (Тивешко)