Софи е девојче, кое преживеа тумор на мозок на возраст од девет години, а нејзината сила и храброст ја воодушеви јавноста откако објави видео на Фејсбук за нејзината болест и за последиците кои таа ги оставила во нејзиниот секојдневен живот.
Кога ја прашале како е да се има тумор на мозок, Софи одговорила дека тоа значи „да се нема коса на глава”. Поради косата што ја изгубила за време на битката со злобна болест, таа се соочила со бројни предрасуди и ситуации што ѝ биле тешки, но многу научила од нив, иако уште е само дете.
„Мислев дека повеќе никој не ме сака, откако ми го открија туморот”, вели Софи и почна да плаче. Исто така, ситуацијата која и останала во сеќавање бил „Денот на близнаците”, кој се одржувал во нејзиното училиште, и секој ученик требал да најде некој кој ќе биде неговиот „близнак”, но Софи немала пар, и отшила расплакана дома.
Сепак, нејзината мајка го нашла решението што ја направило среќна. „Кога дојдов дома, мајка ми ме праша дали сакам да бидам „близнак“ со директорот, реков да“, се сеќава 9-годишната Софи, и вели оти сака „мајка ѝ да биде среќна и дека не сака да ја гледа расплакана“.