Мајкл Перлае има 13 години. Роден е на Крит, а во Рим живеел до 2016 година. Неговите родители се од Романија, мајка му Корина, е од Паскани, а татко му Димитри од Браила. Во Рим има сестра Рафаела и двајца браќа Ефрем- Николас и Гаврил. Сите помлади од него.
Мајкл му помагал на италијанскиот епископ Силуан во светилиштето кога имал пет години. Штом првпат ги видел Атонските монаси (од скитот Чесниот Претеча), Данило и Герасим, желбата за Бог се распламтила во него, и тој одлучил да се пресели на Света Гора.
Најтешко му било да се одвои од своите браќа и сестра му. Ова се неговите зборови:
„Дали ти недостасува мајка ти?”, го прашав.
„Овде ме теши Панагија (Пресвета Богородица) и мојата носталгија по неа исчезнува”, одговори тој додека одевме околу скитот на Претеча.
„Што е со училиштето?”
„Во моментов, учам грчки седум часа на ден. Потоа ќе го следам средното образование. ”
„Зарем тоа не е прекумерно?”
„И така морам да научам грчки”.
„Кој ја направи облеката?”
„Отец Атанасие”
„Чија беше идеја да одиш на училиште во Света Гора? На твоите родители? “
„Не. Тоа беше моја идеја. “
„Одлучи сам?”
„Да. Отац Герасим ми зборуваше за Атониада и сам одлучив да дојдам на Света Гора. “
Едно дете е благослов од Бога, но детето кое верува, е чудо …