Речиси нема некој кој не ја виде фотографијата од скршениот татко како ја држи за рака својата мртва ќерка додека пожарникарите да го извлечат нејзиното тело.
Месут Ханцер целото време додека чекал ја држел својата ќерка за рака и ги повторувал зборовите: Нека Бог те помилува, немам живот без тебе. Во мене нема веќе живот, замина со тебе.
Она што е пострашно е дека таткото додека ги чекал пожарникарите цело време ја тешел својата 15 годишна ќерка додека таа умирала во тешки маки.
Тој целото време не губел надеж велејќи и дека спасувачките екипи се близу.
Тој прво започнал со голи раце да го ослободува рушевините од под нејзиното тело, но кога сфатил дека тоа е невозможно се помирил со судбината и не му преостанало ништо освен да ја држи за рака.
Кога таа го испуштила последниот здив тој ја притиснал силно за раката не пуштајќи ја истата не верувајќи дека неговата ќерка веќе е мртва.
Тој ја испуштил од раката дури кога спасувачките екипи морала да го однесат нејзиното безживотно тело од под рушевините.